Amazon се понуди да им ги покрие трошоците за школување на сите свои 750.000 вработени во САД, пренесува СNN.
Во моментов, гигантот за интернет трговија Amazon се бори да ги задржи своите вработени и да привлече нови, поради недостатокот на работна сила во целата индустрија.
Фирмата за оваа цел ќе издвои 1,2 милијарди долари, а работниците ќе можат да го финансираат своето школување додека останат во Amazon.
Работниците кои ги работат најтешките работни задачи и кои се со најниско образование, ќе можат да користат финансирање на образование во средни училишта, курсеви и проширување на обуките за работа.