Танзанија ги откри плановите за изградбата на втората најголема африканска зграда на автономниот архипелаг Занзибар.
Спиралната кула од 70 спрата би требало да ги поттикне туристите да се вратат во ова подрачје откако пандемијата ја разниша локалната економија.
Изградбата на кулата наречена Domino Tower ќе чини 1,3 милијарди долари и ќе има луксузен хотел со 560 апартмани, терен за голф, капела за венчавки и марина за јахти.