Новиот, најголем трговски центар во Македонија Ист Гејт Мол ќе се отвори во втората половина на октомври. Во него ќе има многу познати светски брендови, а како што е потврдено, светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс ги носи во земјава како “деби“ на македонскиот пазар познатите „Zara Home“ и „Oysho“ . Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично. Сепак веќе е јасно, дека на денот на отворањето нема да има Лидл, Мекдоналдс и познатат продавница H$M.
Игор Давков, генерален менаџер на Ист Гејт Мол денеска потврди дека се уште се разговара со H$M, но засега во овој трговски центар дефинитивно нема да има Лидл и Мекдоналдс. Како што Фактор веќе објави проблемот со синџиот на храна настаналсо имателот на франшизата, која во моментов за овој пазар ја има бугарска фирма.
Давков рече дека се подготвува систем за целсона валидација на QR кодот за вакцинација, а ќе се валидираат и вакцините кои се примени во Србија и најверојатно и Косово.
Инаку во Ист гејт мол ќе има и „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 квадратни метри со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.
Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници на површина од 6,500 квадратни метри и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“.
Извор: faktor.mk