Кроациа Осигурување на Најголемиот регионален онлајн саем за вработување

Кроациа Осигурување на Најголемиот регионален онлајн саем за вработување

23. 09. 2021.

Од 13 до 20 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Кроациа Осигурување!

Кроациа Осигурување ве повикува да го посетите нивниот виртуелен штанд на Најголемиот регионелен саем за вработување!

Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 134 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производте и услугите, но исто така и во квалитетот на работењето. Максимално внимание посветуваме на едукација на нашиот тим и уште повнимателно го избираме секој вработен кој е дел од истиот. Работејќи на развојот на компетенции на вработените и вложувајќи во развојот на нивните вештини успеавме да изградиме тим на професионалци во сите области од работењето. Наша интенција е да секоја година воведуваме нова програма за лојалност и бенефиции за вработените, која ќе овозможи дефинирани привилегии за сите, систем на наградување, но и чувство на припадност на сите како значаен дел од тимот.

ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.