Од 13 до 20 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Кроациа Осигурување!
Кроациа Осигурување ве повикува да го посетите нивниот виртуелен штанд на Најголемиот регионелен саем за вработување!
Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 134 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производте и услугите, но исто така и во квалитетот на работењето. Максимално внимание посветуваме на едукација на нашиот тим и уште повнимателно го избираме секој вработен кој е дел од истиот. Работејќи на развојот на компетенции на вработените и вложувајќи во развојот на нивните вештини успеавме да изградиме тим на професионалци во сите области од работењето. Наша интенција е да секоја година воведуваме нова програма за лојалност и бенефиции за вработените, која ќе овозможи дефинирани привилегии за сите, систем на наградување, но и чувство на припадност на сите како значаен дел од тимот.
ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.