Ако сте амбициозни и сакате да ја искористите оваа улога како отскочна ''даска'' кон Вашта кариера, секоја задача што ќе ја направите во кујната е одличен начин да му покажете на главниот готвач или на другите што се можете да направите. Ова е исто така совршена работна позиција за вас ако немате професионални квалификации. Ќе има многу што да научите и воопшто не треба да се плашите од напорна работа. Способноста да ги слушате и применувате упатствата, да сте флексибилни, лојални и иницијативни со сигурност ќе ве направат добар кандидат.
Главните состојки кои ви се потребни за оваа работна позиција се: креативност, трпеливост, добра организација, уживање во вкусовите и за крај, како главен зачин - само љубов кон работата.
Доколку сакате да работите на позиција САЛАТЕР/КИ ние имаме активни огласи за ВАС:
За новоотворениот суши бар во Скопје, кој планира да ги помести границите за конзумација на суши во земјава, Вработуваме Салатер
Бидете дел од градската приказна во градот, Калабалак има потреба од Салатер/ка
Ресорт Маврово има потреба од следнава работна позиција: Салатер во кујна
Вие сте креативна, покажувате иницијатива за новитети и сакате да експериментирате со храна и вкусови? Скара Бар има потреба од Салатерка