Се намалува вредноста на еврото.
Европската валута падна на 1,1657 долари, и тоа е најниско ниво од ноември лани, додека индексот на доларот, се искачи на највисоко ниво во последниве единаесет месеци, пренесе Ројтерс. Јапонскиот јен и фунтата исто така се намалија.
Јапонската валута потона на минимум во последнава година и половина, од 111.685 јени на доларот, по што делумно закрепна на 111,47.
Фунтата го продолжи трендот на намалување, паѓајќи на 1.3505 долари.