Некои луѓе одлично ги менаџираат парите, додека други трошат без размислување како да нема утре.
Се оставаат на последен денар до плата, влегуваат во минус, имаат неколку кредитни картички...
Или ги знаете, или сте еден од нив – овие хороскопски знаци не ги бива со пари.
ВАГА
Вагите уживаат во шопинг и често трошат пари на работи што воопшто не им се потребни. Кога нешто ќе посакаат, знаат без размислување да потрошат и повеќе отколку што смеат, а поради таа навика секој месец се доведуваат на работ на банкрот.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците обожаваат излегување и дружење, а во друштво тие секогаш први се нудат да почестат. Иако најчесто парите ги трошат на други, а не на себе, сепак треба да научат да не бидат толку непромислени со трошењето. Ако снемаат пари нема да кажат никогаш и се премногу горделиви за да побараат заем.
ЛАВ
Лавовите сакаат да бидат дарежливи и да честат, но сепак парите најчесто ги трошат на себе и тоа на луксузни работи што не можат да си ги дозволат. Затоа често се во минус, но се убедуваат дека заслужуваат да уживаат максимално во животот. Иако самите сакаат да трошат, многу тешко ќе прифатат некој друг да ги издржува или да им купува скапи работи.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците генерално се спонтани и не планираат долгорочно, па важат за најнеодговорниот хороскопски знак кога станува збор за пари. Како Лавовите, убедени се дека „еднаш се живее“, па не жалаат за парите потрошени на добра забава. Нивното мото е дека секогаш можат да заработат уште пари, но нема да ги вратат пропуштените моменти.