Нерегулираните настапи на нашите музичари, кои редовно гостуваат во локали низ земјава, без при тоа да подлежат на било каква обврска за подмирување на финансиски надомест кон државата, заминуваат во историја.
Како што појаснува за ,,Фокус” музичарот Горјан Стојановски, тоа би значело дека за секој настап ќе треба да се добие посебна лиценца, а музичарите наскоро ќе ги имаат на увид сите информации поврзани со овој новитет во музичката индустрија. По иницијатива и во организација на координативното тело на музичките здруженија од цела Македонија се одржа првото основачко Собрание за формирање на КОМОРА НА МУЗИЧАРИ И МУЗИЧКИ ДЕЈНОСТИ.
На Собранието беа присутни 52-ца претставници на правни субјекти од областа музиката и музичката индустрија во својство на делегати, меѓу кои беа голем дел од истакнати уметници, позначајни музички здруженија, продукции, диџеи итн…
Собранието го водеше работно претседателство чиј претседавач беше Венко Пашовски - претседател на здружение Охридски Музички Еснаф. Според законски утврдениот дневен ред едногласно беше прифатен предлог Статутот на комората и беа избрани извршните органи и тоа, Управен одбор составен од девет членови и Надзорен одбор составен од три члена.
За членови на управниот одбор биле назначени претседателите на најголемите здруженија на музичари во земјава, и тоа: 1.Естрада Струмица - Горан Кукуќ 2.Охридски Музички Еснаф - Венко Пашовски 3.ММИ - Александар Масевски 4.Музика Сега - Трајко Симоновски 5.Естрада Скопје - Горјан Стојановски 6.Естрада Битола - Тони Гугулевски 7.Професионални Музичари на народна и забавна музика -Хилми Билбиловски 8.Самостоен Џез Уметник - Џон Илија Апелгрин.
Извор: fokus.mk