Повеќе од 20 компании од Македонија го потврдија учеството на виртуелниот саем за вработување!
12-та година по ред, водечките портали за вработување во регионот, Vrabotuvanje.com.mk – Македонија, MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија го организираат најголемиот и единствен онлајн саем за вработување каде најпрестижните компании од регионот на уникатен начин ќе ги претстават своите можности за вработување.
Kiel, BtoBet, Телеком, Adient Automotive, NLB Banka, Кроација Осигурување, Магна, Strabag, Алкалоид АД Скопје, Marquardt, Apave, Breon, Neptun, Ultrasoft, Lactalis MK, Data Masters, ESI, Ветон Ќоку, aдвокат во соработка со Карановиќ и Партнерс, LTH Learnica се само дел од компаниите кои до сега го потврдија своето учество на Најголемиот регионален саем за вработување. На нивните штандови ќе имате можност да ја видите нивната понуда на слободни работни места, да се информирате за компаниите како и да разговарате со претставници од нивните компании преку опцијата чат.
За учество на саемот не е потребна претходна регистрација и посетата за корисници е целосно бесплатна. Сè што треба да направите е од 13-ти до 20-ти октомври да ја посетите веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com, да изберете просторија каде што изложува вашиот работодавач и да се втурнете во потрага по вашата работа од соништата. Да, толку е лесно и едноставно!
Подгответе ги вашите CV-a и зграпчете ја можноста за нова, подобра работа!