Поскапеа становите во Охрид. Иако за 20 до 30 проценти пораснаа цените сепак има зголемена побарувачка за купување недвижности. Во периферните делови становите достигнуваат цена од 850-900 во централното подрачје од 1300 -1500 евра по квадрат додека на самиот брег на езерото на атрактивните делови од градот се движат и до 2000 евра за метар квадратен.
Од агенциите за недвижности велат дека најбарани се помалите викенд станови до 50 метри квадратни и тоа најчесто од страна на домашни купувачи само 5 проценти се странци, додека многу помал е интересот за купување на куќи.
Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење и зголемените трошоци во градежништвото за репроматеријали ја зголемија цената на метар квадратен – коментираат од пазарот на недвижности.