Повеќе од 80 години млечна страст Основана во 1933 година од Андре Бение во Лавал, низ три генерации групацијата Лакталис остана верна на својата првична заложба за преработка на млеко.Денес групацијата Лакталис е глобален лидер во млечната индустрија. Присутна е во сите сегменти на пазарот на млечната индустрија. Групацијата е производител на сирење број еден во светот и е европски лидер во рамките на потрошувачката на млеко и на пазарите на путер и на млечни намази. Групацијата Лакталис ја оправдува својата улога на лидер на пазарот на млечни производи со поддржување на водечките национални брендови. Во нашата држава тоа се водечките брендови во своите категории Алпско (млеко и јогурт), Президент (сирења, путер и павлака) и домашниот миленик Идеал Шипка.
Групацијата максимално е посветена на давање квалитетна услуга и посветеност токму за тоа се во потрага по кандидати кои се подготвени да бидат дел од традиција долга 80 години.
На Регионалниот саем за вработување на штандот на ЛАКТАЛИС се отворени овие позиции