Адвокат Ветон Ќоку дел од Најголемиот регионален саем за вработување - Во потрага сме по професионалци кои сакаат да се усовршуваат, учат и напредуваат
Ветон Ќоку, адвокат во соработка со Karanovic & Partners има долгогодишно присуство на пазарот во Северна Македонија и пружа правна помош на домашни и меѓународни клиенти. Освен што обезбедува врвни деловни и комерцијални правни услуги во Северна Македонија, преку соработката со Karanovic & Partners, која е регионална правна пракса со традиција која трае повеќе од 25 години, има значителен регионален дофат преку мрежата на адвокатски фирми во регионот .
Соработува со некои од најценетите и најважните фирми во светот на бизнисот, како водечки светски и домашни компании, владини и други државни институции, јавни претпријатија, стартапи, невладини организации како и многу други.
Нашиот тим го сочинуваат врвни експерти и квалитетни луѓе. Бидејќи работиме постојано на големи проекти со водечки клиенти во потрага сме по професионалци кои сакаат да се усовршуваат, учат и напредуваат. Нудиме многу - поддршка, шанси и знаење. Нашите колеги поминуваат низ детално разработени програми за стручно усовршување, а покрај формални обуки имаат шанса секојдневно да учат работејќи со врвни експерти во своите области. Се грижиме за нашите луѓе и се трудиме да им овозможиме најдобро професионално опкружување и колегијалност. Даваме можности за интерни обуки, психолошка поддршка, флексибилност во работата каде што има можност и систем на бенефити за добросостојбата на нашите луѓе. Негуваме отворена и искрена комуникација, амбиција, креативност и даваме шанса заедно да поместуваме граници.
Дознајте за можностите за вработување во тимот на адвокат Ветон Ќоку, во соработка со Karanovic & Partners!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Ветон Ќоку, адвокат во соработка со Karanovic & Partners на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 13 до 20 октомври.