Корисно или иритантно?
Некогаш не сме сигурни дали е проблем до нашиот интернет или некогаш апликацијата навистина паѓа. Особено сега сите ќе бидат параноични и секогаш ќе мислат дека нешто не е во ред со Инстаграм, откако минатата недела престана да работи на некои 7 часа. За на своите корисници да им го олеснат користењето на апликацијата, сега почнаа да испробуваат една новина која би можела наскоро да биде воведена. Испраќање на известувања доколку падне апликацијата, и исто така, кога повторно ќе проработи. Најпрво тестирањето ќе почне во САД, а потоа веројатно ќе биде достапно и во останатите држави.
Нема константно да испраќаат известувања, туку само во оние ситуации кога ќе видат дека луѓето се збунети и дека не им е јасно што се случува. Сè уште не се сигурни дали ова е нешто што ќе стане постојан дел од Инстаграм или не, сè зависи од фазата на тестирање, која само што не започнала. Доколку се покаже дека ова е успешно и дека е добра идеја, најави дека нешто слично би можело да се направи и за Фејсбук и за WhatsApp.