Танцување, совети за готвење, шминка или вашето следно интервју за работа? Социјалната мрежа Тик Ток е изненадувачка нова алатка за компаниите за вработување.
Како резултат на пандемијата, стапката на невработеност се искачи на највисоко ниво. За ваков статистички сегмент од населението направена е нова понуда .
ТикТок може да биде новата алатка за вработување, која ќе дејствува како посредник помеѓу потенцијалните кандидати и компаниите. Целта е работодавачите да започнат да ја користат платформата на оваа социјална мрежа како средство за пребарување на вработените.
ТикТок ја тестира услугата со голема група на компании, вклучувајќи големи брендови и најпознати спортски лиги. Алатката на компанијата ќе функционира како посебна страница, каде што огласувачите можат да објавуваат списоци со барани работни места, а за возврат, „обичните“ корисници ќе можат да објавуваат видеа од ТикТок наместо традиционалниот документ за биографија во писмена форма.
TikTok потсети дека хаштагот # careeradvice имал повеќе од 80 милиони прегледи, што всушност ја охрабри компанијата да ја пушти новата услуга на пазарот што е можно поскоро.
„Ние сакаме луѓето преку нашата мрежа да научат нешто ново, а не само да се забавуваат. Да стекнат нова вештина или едноставно да се инспирираат да направат нешто што никогаш порано не го направиле. „Сега тие можат да добијат работа“ е наведено во соопштението на кинеската социјална мрежа.
Бидејќи пазарот на трудот продолжува да се менува и развива, барањето работа преку TikTok станува иднина на вработувањето.