Германија најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија.
Од почетокот на следната година, тој ќе се намали за 42,7 проценти, на 3.723 евра за киловат-час. Владата го намали минатата година, за 3,9 проценти, за да и помогне на економијата да ја надмине корона-кризата.
Помош за граѓаните во плаќањето повисоки сметки за струја и гас најавија и Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска.
Цените на електричната енергија нагло пораснаа оваа година, по зголемувањето на цените на бензинот поради ниските залихи и наглото закрепнување на побарувачката во економијата која се опоравува од пандемиската криза.
Ценовниот шок на струјата кој во моментов ја тресе целата индустрија се актуелни и кај нас. Граѓаните кои и онака се на работ на егзистенција секојдневно слушаат и читаат новости за поскапување на електричната енергија, поскапување на горивата, но и за најавената висока инфлација со која ќе поскапат цените на сите добра.
Треба ли да го следиме примерот на Германија!?