Поминаа многу години од изградбата на кружните текови , а возачите сѐ уште не ги разбираат.
Кружниот тек е најпрактично решение за крстосници на кои се забележува зголемена фреквенција на возила во одредени делови од денот. Тој овозможува непрекинато движење на возилата со што протокот никогаш не запира, за разлика од традиционалниот начин на регулирање на сообраќајот со семафори.
Прописите за тоа како функционира движењето на кружен тек се исти во целиот свет, па така истите би требало да се применуваат и кај нас.
Помеѓу оние на возраст до 40 години, секој петти возач не е сигурен која лента да ја избере на кружните текови, а 15 отсто не знаат како се пропуштаат возила, покажува истражувањето спроведено од страна на „Ipsos“.
Меѓу оние постарите од 40 години, мал е бројот на оние кои не знаат кој има предност на кружните текови, а уште помалку се несигурни во изборот на ленти на кружните текови со повеќе ленти. Според студијата, 30 отсто од возачите ги нервираат луѓе кои избираат погрешна лента во кружниот тек. Меѓутоа, несреќите на кружните текови се ретки, а оштетувањата на возилата се помали отколку на класичните раскрсници.