Од 13 до 20 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и испратете го своето CV на преку 1.000 отворени понуди за вработување
Со еден клик на веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување на кој повеќе од 150 компании од Македонија и регионот бараат вработени на над 1.000 слободни позиции. Отворени се преку 120 работни места само во Македонија.
Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавач преку чет или видео повик.
Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Се што ви треба е интернет!
Компании изложувачи на саемот се: BtoBet, Kiel, Македонски Телеком, Adient Automotive, NLB Banka, Кроација Осигурување, Magna Internacional, Strabag, Алкалоид АД Скопје, Marquardt Macedonia, Apave, Breon, Neptun, Ultrasoft Systems, Lactalis MK, Data Masters, ESI, Ветон Ќоку, aдвокат во соработка со Карановиќ и Партнерс, LTH Learnica, Teleperformance и Vrabotuvanje.com.
Саемот до денес го посетија преку 40.000 посетители од Македонија, а истиот е отворен до среда (20 октомври) па затоа побрзајте и посетете го саемот на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!