„Google“ започна со имплементација на „бесконечно“ лизгање на мобилните уреди, опција што треба да им го олесни пребарувањето на резултатите на корисниците.
Континуираното лизгање значи дека кога ќе стигнете до дното на страницата со резултати од пребарувањето, наместо да кликнете на копчето „See More“, лизгањето ќе продолжи сѐ додека има резултати што одговараат на пребарувањето.
Според податоците на „Google“, најголем број корисници ги пребаруваат првите четири страници со резултати во потрага по потребните информации. Се разбира, најрелевантните резултати се на врвот на листата, но корисниците честопати сакаат да разгледаат и други извори.
Оваа промена во начинот на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе им олесни, па се проценува дека со тоа ќе се зголеми бројот на просечни прегледани страници за пребарување. Новата опција наскоро ќе биде достапна за секого, и е дел од напорите на „Google“ да го редефинира изгледот на резултатите од пребарувањето преку мобилни телефони. Редизајнирањето ќе овозможи полесно и побрзо пребарување на мобилни уреди, со помала интеракција на корисникот со корисничкиот интерфејс.