Продавачите и касиерите се меѓу најбараните професии поради растечкиот тренд на нови дуќани и шопинг центри.
Но, да се пронајде добар продавач не е едноставно, а експертите се сложни дека еден од најважните фактори е ниската плата.
– Многу трговци веруваат дека може да заштедат на своите продавачи, а тоа резултира со постојани проблеми со вработените. Згора на тоа, не е секој подготвен да го следи распоредот на смените, што понекогаш значи 12-часовно работно време. Особен проблем е и превозот, бидејќи продавачите се категорија вработени кои преферираат да работат во близина на својот дом, бидејќи малата плата не им дозволува да користат такси доколку останат по завршувањето на ноќната смена – објаснуваат искусните трговци.
Дел од продавачите се жалат и дека граѓаните „го истураат целиот стрес врз нив“. Особено сега во пандемијата, тие беа на првата линија на фронтот, па иако носеа визири, ракавици и маски, мал дел од нив добија можност за организирана вакцинација
Кој не сака да чека на каса, купува онлајн!
За 60 отсто е зголемена вредноста на трансакциите во онлајн трговијата во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Податоците на Асоцијацијата за е-трговија покажуваат дека за 6 месеци, македонските граѓани потрошиле речиси 170 милиони евра, што се направени во повеќе трансакции отколку за целата 2019 година.