Вашата практична работа е речиси при крај и токму сега, се што сакате да направите е да го претворите вашиот волонтерски ангажман во работа со полно работно време, зарем не?
Не постои ништо подобро од тоа да ја започнете вашата кариера во компанија која ви е добро позната и да се занимавате со работа што длабоко ве интересира. Од друга страна, праксите не се погодни само за поединците кои немаат искуство. Тие се одлични и за компаниите бидејќи на овој начин тие имаат можност да забележат исклучителни личности и да проценат дали истите ќе се вклопат во тимот.
Доколку сакате вашата пракса да заврши со понуда за вработување на полно работно време, Ви предлагаме да ја посетите нашата страна vrabotuvanje.com каде ќе најдете голем број на активни огласи кои можеби се Вашата идна работа!
Но тоа не е СÉ! Доколку сé уште студирате, веќе сте дипломирале или имате желба да се дообразувате и за тоа имаме што да Ви понудиме!
Во прилог погледнете ги сите слободни позиции за практикантска работа и стипендии кои ги доделуваат неколку атрактивни компании:
Целта ни е да одбираме млад кадар и да им овозможиме своето работно искуство да го стекнат во УНИ Банка, под менторство на успешниот тим на професионалци. Затоа објавуваме оглас за Практикант и ја очекуваме Вашата апликација на ЛИНКОТ.
Академија Микросам, организира бесплатен почетен курс за програмирање во програмскиот јазик С#. Курсот ќе се спроведува со физичко присуство и ќе се одржува во просториите на Академија Микросам во Прилеп. Не е потребно да имате предзнаење од програмирање, потребно е само да се пријавите на ОГЛАСОТ и да ни се придружите.
ЕВН Македонија распишува конкурс за доделување стипендии на студенти од семејства со ниски месечни приходи. Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување. Деталите се на ЛИНКОТ.
Спeцијализирана компанија за Контрола на квалитет на софтвер има потреба од практиканти. Месечен износ за праксата е во висина од 6.000 денари. Практикантот ќе има можност за вработување - Еве ги деталите.