Програмерите и натаму се со највисоки плати во земјава.
Највисоки нето плати од 73.805 денари во август зеле компјутерските програмери. Од друга страна со најнизок просек на плата од 16.404 денари се вработените во „заштитните и истражните дејности“. Малку повисок просек на плата од 16.442 денари е исплатена во кожарската индустрија. Во конфекциите, пaк, е исплатена просечна плата од 17.880 денари.
Kaко што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 отсто) и Други услужни дејности (12.6 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 отсто), Уметност, забава и рекреација (3.6 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 отсто).