За сега не се знае кога и дали воопшто ќе има нова државна помош за угостителскиот и туристичкиот сектор во државата.
Од хотелската асоцијација, велат дека деновиве ќе испратат официјално барање за државна помош до надлежните институции. Едно од барањата ќе бидат субвенции за минимални плати за вработените.
Мерките за субвенционирање се веќе побарани. Со оглед на тоа дека половина од годината угостителските објекти беа затворени, или полузатворени со по некоја сезона во јули и август, работата е алармантна а капацитетите се намалени. И оваа година угостителите се надеваат на некаков вид помош како би можеле следната година да почнат да функционираат и да работат со подобра исполнетост со цел да се намалат вкупните трошоци.
Инаку хотелиерите најавија дека ќе има поскапување на цените на аранжманите после Нова година за 20%, поради зголемувањето на цените на основните прехранбени производи. Поради Ковид 19 кризата, хотелските објекти на охридско-струшкото крабрежје се речиси празни, а така ќе биде и во наредните неколку месеци.