Што тоа? Без диплома?? Како?! (Сега професорите и родителите низ светот ги лазат морници…) Треба ли да заборавите на факултетите? Да заборавите на учењето? Да се спакувате и да тргнете на патот до Силиконската долина за инстант слава и богатство? Хм… Најверојатно не!
Погледнете го насловот уште еднаш. Тој само вели дека има многу работи во ИТ за кои не е потребно ИТ диплома за компјутерски науки, што значи дека може да работите во областа и без да сте учеле за истото на факултет. Впрочем, независно што сте учеле или што учите, вашите вештини и работно искуство се вашиот најголем капитал во ИТ областа.
Дополнително, самиот факт дека немате диплома во оваа област не значи дека не може да изградите кариера. Оваа листа со 21 работно место кое реално постои е доказ кој го потврдува токму тоа. Погледнете ги интересните и исплатливи работи кои може да ги имате во ИТ и покрај тоа што ваш главен предмет никогаш не бил предметот Компјутерски науки. Ако ја најдете вашата работа од соништата на оваа листа, а сеуште не сте сигурни што ви е потребно, практикувајте ги овие неколку совети за да ја добиете самоувереноста која ви е потребна:
1. Земајте повеќе работа онаму каде што сте сега или работете проекти на страна во слободно време. Потоа ставете сé во портфолио за да може да им покажете на работодавачите што може да направите и колку голем ентузијаст сте кога станува збор за ИТ работните места.
2. Размислете како да се движите “хоризонтално” наместо “вертикално”, односно како да отидете на нова скала во вашата кариера, наместо да се искачувате нагоре по старата скала. Ова значи дека комбинирањето на вашето искуство и вашата страст, и додавањето на ИТ вештини може да ја претвори вашата страст во профит.
3. Побарајте работа во стартап, мали или средни компании. Овие организации обично се пофлексибилни кога станува збор за традиционалните барања кај кандидатот и повеќе се фокусираат на пренесувањето на вештини и потенцијал. И не заборавајте ги компаните со продукти и услуги во ИТ областа. Тие обично нудат повеќе позиции кои вклучуваат ИТ вештини. Не е важна големината на компанијата, важно е да ја најдете работата која вам ви е потребна.
4. Научете повеќе ИТ вештини. Бидејќи знаете дека сакате кариера во тоа поле, вреди да научите што и како се прави за да имате успешна кариера. За разлика од дипломата за компјутерски науки, нема да ви требаат четири години за да ги стекнете вештините, ниту години потоа за да го отплаќате кредитот. Веб академијата Еверест, на пример ќе ви помогне да ја добиете основата која ви е потребна за кариера во веб дизајн, веб програмирање и развој, WordPress за само мал дел од парите кои би ги потрошиле за на факултет.
Работни места за кои НЕ ви треба ИТ диплома:
ПОДДРШКА
Независно што сте студирале или учеле, ако сте дружељубив, пријатен, трпелив и ако имате талент да објаснувате комплексни проблеми на едноставен начин, позицијата во техничка поддршка е одличо место од каде може да ја започнете вашата кариера, а за неа обично не треба диплома:
1. Customer Happiness Champion
2. IT Technician
МАРКЕТИНГ
Една од работите кои ги научив додека работев во стартап е важноста на маркетингот. Дури и ако компанијата креира врвни продукти, таа не може да успее без солиден маркетиншки план за промоција и продажба на своите продукти. Ако сте учеле како да се поврзете со муштерии и како да ги натерате да делуваат, сигурно ќе ги научите и техничките вештини кои се потребни за техничкиот дел на оваа работа.
3. Email Engagement Manager
4. Organic Marketing Specialist
5. Digital marketing manager
БИЗНИС
Во денешно време на секоја компанија и треба веб сајт, дури и кога не станува збор за веб или ИТ компанија. Независно од индустријата, работата во оперативниот дел ќе ве изложи на можности или предизвици кои се поврзани со технологијата, а вештините кои сте ги стекнале на часовите по психологија и пишување есеи во 5 пасуси, ќе ве направат одличен кандидат за деловен аналитичар.
6. Business Development
7. Growth Hacker
ПРОДУКТ
Пред 50-тина години развивањето на продукти можеби значеше мануелна работа (и инженерска диплома) за да креирате физички продукт. Сега, продукт менаџерите, решаваат проблеми и имаат големи идеи. Со секој нов и неверојатен продукт на iPhone или нова апликација доаѓа и успешен дизајнер на продукт. А “продукт” може да биде сé, од наставен план на курс, апликација за споделување музика, па сé до нешто што се носи.
8. Product Manager
9. Technical Writer
10. QA Engineer – Junior (Помлад инженер за тестирање квалитет)