Значајни должности:
Одговорен за примена но прописите од областа на информативната сигурност,
Одговорен за редовно информирање на надлежните органи за прашања поврзани со информативната сигурност.
Врши процена на ризиците, анализа на веројатноста од појава на закани, предлага унапредување на политиката и на процедурите за информативна сигурност.
Учествува во дефинирање и во координација на спроведувањето на сигурносните контроли во Банката и врши набљудување на нивната ефикасност.
Го организира и управува процесот на изработка и на тестирање на Планот за континуитет во работењето.
Потребни квалификации:
Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат за значајна предност;
Одлични способности за тимска работа, комуникација и за меѓучовечки односи;
Кандидатот треба да биде способен да работи независно и самостојно;
Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
Одлично познавање (вербалио и писмено) англиски јазик, како и стручно и напредно користење MS Office.
Стопанска банка АД. Скопје нуди атрактивен компензациски пакет и можности за континуиран професионален развој, кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Месечниот надомест ќе биде утврден во согласност со искуството и со квалификациите на кандидатот.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ