Ако сте отворени за тоа да останете на моменталното работно место, добро размислете за својата улога таму и што сакате од неа, а не добивате. Луѓето се постојано во движење. Сте добиле примамлива, но не совршена понуда за работа. Дали за тоа да му кажете на вашиот шеф?
Тоа, во суштина, може да биде моќна „преговарачка позиција“ која би можела да заврши добро по вас: унапредување, добивање повеќе пари, можност за долгорочна работа на далечина, доколку тоа ви одговара.
Но, може да се случи и лошо сценарио. Наместо да уживате во налетот на зголемувањето на платата, би можеле да останете на работата којашто не ја сакате или со тешки чувства и големи очекувања ако останете таму каде што сте. Како да знаете како да започнете разговор или сами да донесете одлука, тивко, без да го известите шефот?
Експертот за вакви дилеми, Мишел Вудворд, соведува дека изнесувањето на такви информации не мора да биде „застој“. Препорачува да преговарате со својот шеф ако новата понуда сочинува околу 80 % од она што е ваша работа „од соништата“.
„Тоа е како да сте во врска. Морате да изразите интерес за да останете во врската“, додава Вудворд.
Прашајте се: Што и недостасува на вашата моментална улога на работното место? Дали е тоа подобра позиција, подобар тим или поголем бонус? Одлучете што сакате, а потоа обидете се да детектирате што се случило во минатото, кога вашите колеги носеле слични одлуки, односно решиле на менаџментот да му ја изнесат понудата од ривалот.
Ваквата постапка може да биде „меч со две оштрици“, па поради тоа е важно да ја измерите вашата позиција во компанијата и односот со колегите. Колку сте им важни, дали сте една од важните карики? Дали носите добри проекти и идеи? Всушност, сега можеби не е толку лош момент за известување на шефот за новата понуда за работа, бидејќи работодавачите прилично се „плашат“ да не изгубат работници – што неминовно се случува.
Едноставно, компаниите сакаат да ги задржат талентите, но и занаетчиите, квалификуваната работна сила со средна стручна спрема. Со други зборови, факултетот, мастер студиите и сличните обуки не се гаранција. Се бараат разни професии, а секаде владее голем дефицит…