Сара Блејкли убаво ги награди вработените за нивната посветена работа. Извршната директорка на „Spanx“ им подари на сите вработени по два билети во прва класа за која било дестинација во светот, заедно со 10.000 долари за да уживаат на патувањето.
Блејкли (50) со организирање забава на вработените им најавила продажба на својата компанија на друга компанија.
Таа потоа ги шокирала своите вработени објавувајќи дека им подарува по два билети за авион од прва класа каде било во светот, плус дополнителни 10.000 долари во готово.
Блејкли, која го изградила својот пат до статусот милијардер од скромните почетоци на продажбата на факс машини – го гледала својот персонал во делириум.
Подоцна, неколку вработени биле прашани каде планираат да патуваат.
„Одам на меден месец со мојот вереник, а ќе одиме на Бора Бора“, рекла една вработена.
„Ќе летам за Шведска со мојата девојка“, рекол друг вработен во Spanx.
Самата Блејкли поминала долг пат до успехот, бидејќи поминала години бавејќи се со различни бизниси, пред да ја започне Spanx во 2000 година со само 5.000 долари заштеда.
Прво пропаднала нејзината кариера како адвокат, па пропаднала работата во „Дизни светот“, а потоа продавала факс машини.
„Еден ден се разбудив и си помислив: Во погрешен филм сум, повикајте го режисерот! Што се случи? Ова не е мојот живот! Така, на лист хартија ги запишав работите во кои бев добра, а една од нив беше продажбата. На крајот, напишав во мојот дневник: ‘Сакам да измислам производ што ќе можам да им го продадам на милиони луѓе и што ќе направи да се чувствуваат добро’“, рекла таа.
Идејата за производство на корсети ѝ паднала на памет додека ги гледала крем панталоните што ги поседува. Никогаш не ги носела бидејќи немала долна облека што не би ја оцртала.
Потоа решила да произведе решение за овој заеднички женски проблем – но долго време не можела да најде некој да го произведе. Сите мажи ја одбиле, а на крајот и помогнала жена, чии три ќерки биле воодушевени од оваа идеја
„Ја основав компанијата без бизнис искуство и со многу малку пари, но најмногу се грижев за клиентите, па тоа ме охрабри да ја започнам компанијата“ - изјавила Блејкли.
„Кога започнував, напишав една цел: Оваа компанија еден ден ќе вреди 20 милиони долари. Сите ми се потсмеваа, но јас верував во тоа“ – вели Сара со солзи во очите додека држи говор пред вработените.
Секоја чест, секој би посакал да работи во ваква компанија!