По шестгодишното успешно управување со НЛБ Банка Скопје, претседателот на Управниот одбор Антонио Аргир доби нова позиција во седиштето на НЛБ во Љубљана и е унапреден во извршен помошник на УО на НЛБ, одговорен за управување со НЛБ Групацијата соопштија од банката. Надзорниот одбор истовремено го именуваше Бранко Грегановиќ за нов претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.
Аргир ќе ја преземе новата функција во јануари 2022 и ќе биде одговорен за управувањето со банките членки на НЛБ Групацијата и други небанкарски членки.
Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција во НЛБ Банка.
Грегановиќ е поранешниот главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград. Функцијата ќе ја преземе откако ќе ги добие сите потребни дозволи од надлежните институции и лиценцата од Народната банка на Република Северна Македонија. Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на УО на НЛБ Банка Скопје..
Промовирањето на Антонио Аргир на една од клучните водечки позиции во НЛБ Групацијата и доаѓањето на Бранко Грегановиќ на чело на НЛБ Банка Скопје се дел од нашата стратешка определба за поттикнување мобилност на таленти и интернационализација на тимовите. Веруваме дека овие промени дополнително ќе ги подобрат разбирањето и соработката помеѓу членките на Групацијата и ќе ги поддржат натамошните раст и развој на нашиот бизнис низ целиот регион“, вели Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ и претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Аргир е претседател на УО на НЛБ Банка Скопје од 1 јануари 2016. Во периодот од 2016 до 30 септември 2021, НЛБ Банка Скопје има остварено добивка од речиси 180 милиони евра, вредноста на акцијата на Македонската берза се зголеми за пет пати, а клиентската база е зголемена за повеќе од 180.000 клиенти и денес брои 813.000 физички и правни лица.