„Ко’ се сели, тај се не весели “ вели една стара народна, особено имајќи ги предвид различните трошоци што „ни стојат на патот“. Дури кога ќе почнете да ги средувате работите, по години или децении живеење во еден стан, сфаќате колку работа всушност ве чека.
Доколку деновиве се соочувате со овој предизвик, сигурно сте наишле на многу стар, непотребен мебел. Веројатно со години одложувате и натрупувате сè и сешто, а сега е време да се ослободите од тој „товар“. Меѓутоа, ако немате намера сами да ги извадите сите стари работи, и за тоа има цена.
Имено, веќе забележавме дека работата на мајсторите цвета, особено ако се земе предвид дека тие се дефицитарни. Кога сме веќе кај тоа, еве неколку совети кои можат да ви го намалат крајниот трошок, но и да заштедат време, или да ви ги „заштедат“ нервите.
Дилемата е дали да изберете еден мајстор кој има тим од луѓе или агенција која се занимава со тој бизнис. Имено, агенциите земаат значителна провизија, додека со ангажирање на мајстор поединечно, ситуацијата станува уште посложена и финансиски и временски.
Секој сака „чист терен“ пред да влезе на работа, а цената е дефинитивно повисока ако ангажирате еден професионалец за една услуга. Се разбира, тоа понекогаш е неизбежно, но ајдобро е да се најде мајстор кој е 3 во 1, односно кој има луѓе кои се стручни за разни работи. Најважно е прво да се среди водата и струјата а останатато се финеси.
Совет е да почнете со селењето на време, не во смисла на преместување на работите, туку „ослободување“ простор, бидејќи често се случува луѓето да заглават. Кога долго живеете во еден стан, не сте ни свесни колку тој се насобрал. Потоа доаѓа моментот кога треба да фрлите половина од работите, а не знаете од каде да почнете... Во колку кутии се сместени децении те од вашиот животот?
Иако оваа „работа“ до пред некоја година беше претежно бонус за оние што го помагаат, т.е. дошле бесплатно да носат работи кои станарите повеќе не ги сакале, во пракса се покажало дека веќе не е така. Во денешно време секој го цени својот труд а што е најважно и сопственото време.Тоа е скапоцено а во никој случај БЕСПЛАТНО!