Во градот познат по јаболкото многу тешко се продава недвижниот имот
Во Ресен, има куќи кои се ставени на продажба пред 5 или 10 години, но сѐ уште не се продадени. Се проценува дека ваква судбина имаат најмалку 50 куќи во општината. Газдите одамна ги продаваат, но никако да најдат луѓе кои би ги купиле. Ако ги погледнете огласите на интернет, таму има различни типови на куќи, од постари, до нови и модерни живеалишта. Се продаваат куќи во строгиот центар на градот, кај автобуската станица, кај стариот пазар. Ресенчани велат дека повеќе фактори довеле до тоа да нема купувачи, а тие не сакаат да ги продадат куќите под нивната реална цена.
„Јас 10 години се обидувам да ја продадам куќата, и тешко оди. Ако сакам да ја продадам евтино, веројатно лесно би нашол купувачи, но целта не е да го обезвреднам имотот. Не ми се брза, не е итно. Во Ресен се преполови бројот на жители, и тоа може да се види и со бројот на гласачи. Луѓето избегаа во странство и верувам дека поради тоа и интересот за купување на куќи е слаб“, вели повозрасен жител на Ресен.
„Од лани сакам да ја продадам куќата, и можам да кажам дека интересот е слаб. Нема млади, нема работа, со јаболката оди тешко, и затоа луѓето бегаат од Ресен“, вели Наум М.
Има и луѓе кои заминале во Охрид, или некој друг град во земјава, но поседуваат имот во Ресен и сакаат да го продадат.
Целиот текст е на fakor.mk