Изборот за националната награда за најдобра пракса во БЗР се одржа подоцна од предвидениот термин кој начелно е 28 април со што се обележува и Европската недела за БЗР поради ситуацијата со пандемијата, а на истиот имаа аплицирано вкупно 23 компании што означува значително зголемен интерес во однос на ланскиот избор каде имаа аплицирано само 8 компании. Ова покажува дека свеста за безбедноста и здравјето на работното место се зголемува и сѐ повеќе компании се приклучуваат и ги согледуваат придобивките од безбедно работно место.
.jpg)
Членовите на конкурсната комисија од Министерството за Труд и Социјална Политика извршија посета во производствениот погон на фабриката каде можеа да се запознаат со различните работни места и индустриски процеси кои се одвиваат во погонот. Исто така беше извршен увид во документацијата која е релевантна за целиот процес на БЗР за да се добие целата слика за имплементирањето и следењето на процедурите кои произлегуваат од самиот Законот за БЗР.
.jpg)
Најголем акцент беше ставен на имплементацијата и придржувањето кон превентивните мерки против корона вирусот, категорија во која КШМК-Бт убедливо се издвојува во однос на сите правила и процедури кои се произлезени од препораките на Светската Здравствена Организација и Министерството за Здравство, особено што во компанијата е воспоставен и специјален тим задолжен за следење на придржувањето кон мерките.
.jpg)
При изборот можеа да земат учество сите компании кои аплицираа на повикот кој беше отворен од страна на Министерството за Труд и Социјална Политика. Кромберг & Шуберт, со своите 5500 вработени ја освои наградата во категоријата големи компании со над 250 вработени и со тоа докажа дека и покрај големиот број на вработени може да се почитуваат сите правила и процедури доколку има воспоставен стабилен систем.
Им честитаме за освоената награда и им посакуваме уште повеќе успеси во наредните активности.
Во моментов Кромберг & Шуберт има потреба од Plant System Integrator - Аплицирајте!
