Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат.
Овие две реченици се кусото соопшение од ЕСМ (ЕЛЕМ) во врска со пожарот што беснее[e во РЕК Битола.
Поради пожарот и воспоставените безбедносни процедури цел РЕК Битола е надвор од производствениот процес и не произведува струја.
Релејната заштита автоматски ги исклучува сите блокови од производство во случај на пожар, како што беше вечерашниот на трансформатор кој бргу е изгаснат, но процедурата за исклучување е автоматизирана.
РЕК Битола обезбедува околу 70 проценти од потребите за енергија на граѓаните и домаќинствата во државата.
Додека се подигне производството, Македонија преку МЕПСО продолжува со недозволено преземање на струја од европската енергетска мрежа, што потоа ќе треба да се надополни од државниот буџет, потврдија за Телма извори од надлежните институции.
Во пожарот нема повредени, а истрагата ќе треба да открие дали причината е дефект или човечки фактор.c