Поради градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од денеска до 14 ноември ќе биде пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3, информираат од АМСМ.
Според соопштението, сообраќајот на магистралниот пат А3 ќе биде со пренасочен режим на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница.
– Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за привремен режим, соопшти АМСМ.