Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, започна исплата на парични средства за јули, август и септември 2021 година, односно третото тромесечје.
Од Управата за јавни приходи велат дека согласно член 8 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, врши враќање на данокот на трансакциска сметка на физичкото лице по службена должност во рок од 60 дена по истекот на календарското тромесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Согласно наведеното, Управата за јавни приходи започна со реализација на исплатата на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги кои граѓаните ги скенирале во третото тромесечје од 2021 година односно во месеците јули август и септември 2021 година, велат од Управата за јавни приходи.