Филипините усвоија закон со кој сите матуранти и студенти се обврзуваат да засадат најмалку 10 дрвја пред да дипломираат. Надлежните се надеваат дека овој закон ќе помогне во борбата против климатските промени.
Поддржувачите на новиот закон велат дека истиот може да доведе до засадување на дури 525 милијарди дрвја во една генерација, доколку сите ги следат правилата.
„Со повеќе од 12 милиони ученици кои завршуваат основно училиште, речиси пет милиони студенти кои завршуваат средно образование и речиси 500.000 матуранти секоја година, оваа иницијатива, доколку правилно се спроведе, ќе обезбеди годишно да се садат најмалку 175 милиони нови дрвја. Во текот на една генерација, во рамките на оваа иницијатива може да се засадат до 525 милијарди дрвја“, рече Гери Алехано, автор на предлогот.
Ќе се садат дрвја во постојни шуми, некои заштитени подрачја, воени полигони, напуштени рударски локации и избрани урбани области, сето тоа според плановите за зазеленување на единиците на локалната самоуправа.
Покрај непосредното влијание на дрвјата врз апсорпцијата на јаглерод диоксид, филипинските власти се надеваат дека легислативата ќе им помогне на идните генерации да имаат развиена свест за животната средина и дека ќе доведе до дополнителни еколошки иницијативи во иднина.
Извор: biznisinfo.mk