При издадено решение за изолација на дете, еден од родителите или полнолетен член од семејството, мора да го гарантира спроведувањето на изолацијата на детето и да биде во изолација заедно со детето. Работодавачот е должен да го оправда неговото отсуството од работа, велат од Министерство за здравство.
Родители се жалат дека не се толерира нивното отсуство од работа кога детето им е во изолација поради тоа што имало контакт со заразен во градинка или во училиште, а притоа не е болно. Тие не можат да отворат боледување и мора да земаат денови од одмор. За изолацијата на детето родителот добива решение од епидемиолошките служби на Центар за јавно здравје, кое всушност е и оправдание за отсуството.
Колку вкупно деца, ученици и вработени одат во изолација кога ќе се дознае за новозаразен во образовна установа зависи од проценката на епидемиолошките служби, но неретко оди цела група или цело одделение кога станува збор за помали деца.
Извор: novamakedonija.com.mk