Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Вести
-
Зошто радијаторот е ладен на дното и како да го поправите?
Пред да потрошите пари на мајстор бидејќи сте го вклучиле радијаторот, а тој останува ладен, пробајте еден трик.
-
Бесплатниот јавен превоз за студентите оди на пауза, одлука ќе има во јануари
Од среда, 1 јануари, редовните студенти во Скопје нема да имаат важечки билети за бесплатно возење со автобусите на ЈСП
-
Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025
Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.
-
АХВ: Спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња
Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година
-
ПЛАТА ДО 8000 ЕВРА МЕСЕЧНО - ДИПЛОМА НЕ Е ПОТРЕБНА! Се работи од дома, потребен ви е 1 лист, а оваа држава бара 300.000 такви работници!
Побарувачката за лица кои разбираат податоци и знаат како да ги толкуваат за унапредување на деловното работење е многу поголема од понудата. Ако сакате да заработувате 8.000 евра месечно работeјќи од дома, размислете за кариера како аналитичар на податоци.
-
Огласи за вработување во ГЕРМАНСКА компанија со седиште во Скопје
Станува збор за ATLETICA.de - германска компанија специјализирана за фитнес во домашна теретана.