Кинески блогер кој се претставува како г. Канг за ТВ Хунан изјавил дека бил исфрлен од ресторанот „ Handadi Seafood BBQ Buffet “ во Чангшу, Кина по неколку посети во кои докажал дека навистина може да јаде.
При првата посета на ресторанот изел 1,5 килограми свинско месо, а вториот пат од 3,5 до 4 килограми ракчиња. Тој сега се жали дека ресторанот „ги дискриминира луѓето кои можат многу да изедат “.
„Можам да јадам многу - дали е тоа проблем? рече тој и додаде дека не фрлил ништо од храната.
Но, сопственикот на ресторанот не го разбрал баш добро апетитот на Канг, па тој изјавил за ТВ Хунан дека Канг му ги пореметува сметките со секоја посета. „Секогаш кога доаѓа, губам неколку стотици јуани“, се пожалил тој.
"Дури и кога пие млеко од соја, тој пие 20 или 30 шишиња. Јаде цел послужавник свинско месо. А ракчиња кои другите луѓе обично ги земаат со маша - тој зема цел послужавник", рекол незадоволниот сопственик на ресторанот, додавајќи дека од сега па натаму лајв стримерот не може да доаѓа во неговиот ресторан.