Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, познат по својата спонтана масовна комуникација, има обичај да им испраќа електронски пораки на сите вработени во компанијата. Притоа, треба да се има во предвид дека Тесла е голема компанија.
Во првиот се наведува дека „слушањето на музика на работа – со една слушалка поради безбедносни причини е во ред“, но во вториот, ги потсетил вработените дека постојат три опции кога Маск испраќа упатства: да се објасни зошто не е во право, да се побара дополнително појаснување или да се изврши „наредбата“.
На 4 октовмри компанијата изгубила голема борба со сојузниот суд во Сан Франциско, кога поротата одлучила дека Тесла мора да му плати на поранешниот работник, Овен Дијаз, околу 137 милиони долари бидејќи трпел „непријателско работно опкружување“, на расна основа, во текот на работењето во фабриката на Тесла за автомбили во Фримонт (Калифорнија).
CNBC исто така ги прегледал и другите мејлови кои Маск ги испраќал во последните месеци, вклучувајќи ги и охрабрувачките зборови за вработените кои работат во новата фабрика во близина на Берлин. Еве што Американецот им кажал на вработените на 3 и 4 октомври: првиот мејл бил за музика на работа.
Предмет: Музика во фабриката
„Само сакав да кажам дека многу поддржува музка во фабриката, како и сите други ситници кои работата ја прават повеќе пријатна. Еден соработник само што ми прати порака со прашање дали можеме да ставиме една слушалка на уво, за да другото уво биде на готовс. Тоа ми звучи добро. Исто така, амбијенталната музика од звучникот е потполно кул, се додека меѓу вашите колеги постои разумна согласност за изборот на музиката. Ако постојат други работи кои мислите дека ќе ви го подобрат денот, јавете ми. Многу ми е важно да се радувате на доаѓањето на работа секој ден!“. Ова било на 3 октомври, а потоа, следниот ден следела нова порака.
Предмет: Ве молам, забележете
„Ако сум ви пратил мејл со јасни упаства, тогаш на менаџерите им се дозволени само три опции: 1) Испратете ми порака за да објасните зошто она што го кажав не е точно. Понекогаш, едноставно грешам!; 2) Побарајте појаснување ако кажаното е двосмислено; 3) Извршете ги упаствата. Ако не се направи ништо од наведеното, од тој менаџер ќе биде побарано веднаш да поднесе оставка. Ви благодарам, Илон“.