Повеќе од третина од учесниците во сообраќајки со смртен исход имале над 65 години
Затоа во некои делови од германската покраина Баден-Вуртенберг постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатна годишна карта за локален јавен превоз, доколку ја вратат возачката дозвола.
Од 1 декември постарите граѓани же можат да се пријават за бесплатна годишна карта за локален превоз. За тоа да го направаат, ќе мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Втор услов е да имаат престој во тој регион.
За трошоците кои произлегуваат од оваа мерка, покраината обезбеди буџет од 3 милиони евра.
Целта на кампањата е безбедност во сообраќајот. Имено, повеќе од третина од учесниците во сообраќајот кои имале несреќа со смртни исходи имале 65 и повеќе години, а за 68 отсто од несреќите виновни биле токму постарите возачи.