Германските инвеститори во земјава поднесоа барање, во Предлог-законот со кој неделата ќе се прогласи за неработен ден да се воведе дополнителен акт за прецизно регулирање на ваквото решение
Со овој акт, како што информира директорот на Делегацијата на германските инвеститори, Патрик Мартенс, ќе се заштити позицијата на производителите од Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.
„Во четвртокот имав средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Разговаравме за новиот предлог-закон со кој неделата ќе се прогласи за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање до законот за воведување уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Со оваа уредба ќе се заштити позицијата на производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Го информирав министерот што значи стагнацијата во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкуренцијата на пазарот во однос на земјите со кои Северна Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори“, вели Мартенс.
Тој во понеделникот имаше работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ на која, како што нагласува, учествувал и германскиот заменик амбасадор Ото Граф, а тема на разговорите била заштитата на инвеститорите.