1. Министерството за одбрана има потреба од вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерката за одбрана.
Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да има завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС од областа на Општествените науки или Економските науки,
да има најмалку 2 две) години работно искуство.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат наведените услови.
Кандидатот кон пријавата треба да ги достави доказите за исполнување на условите наведени во јавниот оглас, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
Доказ за државјанство на Република Македонија,
Доказ за општа здравствена способност за работното место,
Доказ со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност,
Уверение - диплома за завршен степен на образование,
Доказ за работно искуство и
Кратка биографија.
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40;
работно време од 08:30 до 16:30;
работни денови од понеделник до петок.
Како посебни услови за работата во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.
Паричен износ на основната нето плата изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за одбрана на Република Македонија.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛЛИЦИРАЊЕ
Нето плата од 35.000 до 50.000 денари: Вработување во Министерството за одбрана
Вести
-
Зошто вреди да јадете печени костени?
Печените костени се лесно достапни и можат да се консумираат како закуска или додаток во различни јадења
-
Како Швеѓаните ги греат куќите бесплатно користејќи енергија од компјутерите
Нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.
-
Повторно се одложи воведувањето на системот EES при влез во ЕУ
Пред неколку месеци беше најавено за граѓаните кои не се државјани на Европската Унија дека ќе треба да се пријават на посебен начин за влез во земјите членки на Унијата.
-
20 нови огласи од ЖИТО МАРКЕТИ
Жито Маркети вработува во повеќе општини и градови-Аплицирај!
-
Какви температури да очекуваме следната недела?
Што ќе донесе долго најавуваниот постуден бран?
-
Работа со непроценлива вредност: Дури и најбогатите не можат да си ја дозволат
Грам од оваа недофатлива супстанција вреди околу 62,5 трилиони американски долари.