Со доаѓањето на новата коалициска влада на Германија, беше претставена преку социо-економски промени со цел да се подобри животниот стандард на жителите
Меѓу прогресивните предлози, имаше и еден за германските пензии. Поточно, еден од предлозите е воведување минимално ниво на пензии што би изнесувало 48 отсто од бруто просечната плата.
Тоа практично значи дека ќе се воведе минимална пензија која ќе изнесува околу 1.390 евра. Таа ќе биде за 3% повисока од сегашната просечна пензија од 1.350 евра. Разликата е околу 40 евра, а најважно е што пензиите ќе растат како што расте просечната плата, пренесува Блиц.
Патем, во Германија можеш да се пензионираш предвреме со најмалку 63 години, а пензијата ќе ти биде намалена. Редовното пензионирање е на 67 години.
Според официјалниот документ на коалицијата, сигурната пензија е неописливо важна за вработените по долги години работа.
„Затоа ќе ја зајакнеме законската пензија и трајно ќе обезбедиме минимално ниво на пензија од 48 проценти од бруто платата. Во наредниот период стапката на придонесите нема да се зголеми над 20 проценти, нема да има намалување на пензиите или зголемување на возраста за пензионирање“, се вели во документот.
Во моментов, просечната германска пензија е 45 отсто од бруто платата (околу 3.000 евра). Тоа значи дека пензионерите во Германија добиваат околу 1.350 евра.
Исто така, сите што земаат помала пензија од оваа година, според новоусвоениот закон, имаат додаток од државата на основната пензија.
„Сите кои плаќале придонеси најмалку 35 години и имаат мала пензија ќе добиваат додаток на основната пензија од државата. Тоа во пракса ќе значи дека неженетите чија пензија е помала од 1250 евра и паровите чија пензија е помала од 1950 евра може да очекуваат додаток за пензија од 2021 година. Се проценува дека додаток ќе добијат од 1.200.000 до 1.500.000 пензионери, што ќе го чини државниот буџет меѓу милијарда и милијарда и пол евра“.
Целиот текст е на denar.mk