Независната угостителска комора (НУК) почна иницијатива за креирање иницијална понуда за издавање глобален алтернативен крипто коин – крипто средства наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија.
Во услови кога странските и домашните туристички оператори се помалку се осмелуваат авансно да закупуваат ресурси – хотелски комплекси и останати угостителски услуги поради неизвесноста од состојбата со пандемијата, авионските компании ги редуцираат своите летово, туристите поради се поголемите глобални ограничувања на своите движења се ограничени во своите меѓународни туристички патувања, бизнисмените се приморани своите активности да бараат начини да ги реализираат преку разни видео онлајн платформи ја остава целата локална и регионална балканска угостителска индустрија на милост и немилост од времето и секој угостител да се снаоѓа сам како може и умее.
Од Комората уште на 4-ти Октомври доставиле барање до Народна банка, Министерство за финансии, Министерство за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за МОЖНОСТИ ЗА ЗАКОНСКА ТРГОВИЈА И ИЗДАВАЊЕ НА КРИПТОВАЛУТИ СОГЛАСНО ПОСТОЈНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА.
„Со оглед дека изминатите денови поради сите случувања со рударењето на крипто-средства во медиумите се потврдија информациите достапни на официјалната страна на Народна банка дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство и ова значи дека работењето со крипто-средствата не е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано“, истакнуваат од НУК.
Со цел побрзо да се најдат алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија, не само локално туку и регионално од НУК ја започнуваат оваа иницијатива со колеги од балканот за издавање на глобално крипто-средство базирано на паметни договори, „како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор“.
– На овој начин со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во Македонија и балканот, бизнисмени што континуирано патуваат, разни тур оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади и разни инвестициски фондови и инвеститори ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средства по загарантирани повластени цени кој важеле на денот на купување со што ќе се стекнат со правото да ги користат услугите на угостителите било кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во било кој момент од наредниот период, истакнуваат од Независната угостителска комора.
За реализација и евиденција каде можат да ги користат или тргуваат со крипто-средства со кои располагаат, сопствениците и инвеститорите целосен увид во понудата на угостителските услуги кои ќе можат да ги користат од листата на членки – угостителски објекти ќе имаат преку специјализирана платформа за резервации и реализации, која веќе е во развој.
– Вредноста на услугите кои ќе можат да се користат преку платформата ќе бидат изразени единствено во крипто-средство. Преку платформата ќе се вршат и сите порамнувања за користените услуги и трансакции направени во и кај угостителските објекти, додаваат од Комората во своето соопштение.
Извор: radiomof.mk