Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември.
На повикот на градоначалничката на Скопје до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено - економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат – истакнуваат од оваа институција. Ова е време кога, како што додаваат од таму, работите треба да се менуваат.
– Кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката.
Извор: novamakedonija.com.mk