Британскиот портал money.co.uk ги истражувал дневните трошоци за живот и просечните плати во земјите низ светот, за да утврди каде 1000 фунти траеле најдолго, а каде најкратко, користејќи индекс на трошоците за живот кој вклучува бројни фактори, како што се храна, комунални услуги и трошоци за превоз.
Според резултатите од истражувањето, Колумбија се нашла на првото место меѓу земјите во кои 1.000 фунти би издржале најдолго, односно 109 дена, потоа следат Турција (103 дена), Казахстан е трет (100 дена), додека Србија е деветта, со таа сума која опфаќа 84 дена дневни трошоци за живот.
Од земјите во регионот, човек може да живее со 1.000 фунти 80 дена во Црна Гора, 86 дена во Романија, 82 дена во Бугарија и 74 дена во Унгарија. Од друга страна, во Швајцарија, со споменатата сума не може да се издржи цел месец и ќе трае само 27 дена, бидејќи дневните трошоци за живот, според пресметката на британскиот портал, во таа земја изнесуваат 37,96 фунти дневно просечно.
Граѓаните на Лихтенштајн и Норвешка би поминале малку подобро, бидејќи со 1.000 фунти би издржале 33 дена.
Кога станува збор за времето потребно во земјите низ светот за да се заработи оваа сума, Лихтенштајн е лидер со најкраток рок од само четири дена, потоа се Швајцарија, Норвешка, Луксембург и Исланд, со пет работни дена.
Од земјите што треба да работат најдолго за да заработат 1.000 фунти, Колумбија повторно е на врвот на листата со 62 работни дена, потоа Белорусија (57 дена), Србија (49 дена), Црна Гора (46 дена) и петто Мексимо со 43 работни дена, покажува истражувањето на порталот money.co.uk.