Центарот за развој во Белград продолжува да расте, откако минатата година доживеа експанзија со повеќе од 100 нови вработени од Србија, регионот, како и остатокот од светот, со што се оправдува титулата за најпосакуван ИТ работодавач во земјата.
Центарот во Белград е место каде се создаваат производи и иновации, кои се применуваат на глобално ниво.
Кариерата во Белград нуди безброј можности, од работа со врвни експерти и работа на развој на алатки кои ги користат милијарди луѓе, до работа во меѓународна средина и можности за постојано учење и напредување. Тимовите на овој центар за развој на Мајкрософт, кој станува центар за Источна Европа, ги создаваат едни од најнапредните и најраспространетите дигитални услуги.
Без разлика од која земја доаѓаат, сите заинтересирани за работа во тимот на Центарот за развој на Мајкрософт во Белград можат да се пријават на овој линк, а како изгледа процесот на интервју за работа во една од најголемите светски ИТ компании можете да погледнете овде.
Заинтересираните софтверски инженери можат да аплицираат за следите позиции:
Software Engineer
Software Engineering Manager
Senior Software Engineer
Software Engineer 2
Principal Software Engineer
Senior Program Manager
Во Центарот за развој нагласуваат дека разновидноста и инклузивноста се едни од нивните клучни вредности. Тие посочуваат дека еден од најдобрите начини да се развијат квалитетни идеи е да се вклучат луѓе од различни профили, образование, култура, различни перспективи и начини на размислување во тимовите.
Соодветно на тоа, MDCS веќе 7 години преку иницијативите “Girls in ICT” и “Women know IT” ги охрабрува девојките да ги започнат своите кариери во ИТ индустријата, а од неодамна работат на меѓународно вработување со што се продолжува проширувањето на нивната мисија, како и локалниот екосистем.
Исто така, бенефициите што ги дава оваа компанија се многу конкурентни во регионот, па покрај најдоброто здравствено осигурување, породилно отсуство за мајки и татковци, како и разни општествено корисни активности, се споменуваат и флексибилна работа и прилично голем број денови на можни отсуства, како и ресурси за понатамошно учење и усовршување.
