Пазарот на криптовалути изгуби 4,2 проценти од својата вредност во последните 24 часа, а капитализацијата моментално изнесува 2,35 трилиони долари.
Според веб-страницата „CoinGecko“, најпознатата криптовалута биткоинот изгубил 1% од својата вредност во последните 24 часа и моментално се тргува по цена од 48.600 долари.
Етериумот ја намали својата вредност за 2,4 проценти во изминатите 24 часа и моментално се проценува на 4.078 американски долари.
Освен овие две најпознати криптовалути и преостанатите криптовалути бележат намаливање на својата вредност, како и пад на пазарната капитализација.