Според пресметките, вредноста на потрошувачката кошничка во ноември изнесува 34 893 денари. За храна и пијалаци минимум биле потребни 15 000 денари, а за режиски трошоци 10 914 денари
За 320 денари се зголемени основните трошоци на едно четиричлено семејство во ноември, објавуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), од каде што ја изработуваат синдикалната минимална кошница.
Според пресметките, вредноста на потрошувачката кошничка во ноември изнесува 34 893 денари. За храна и пијалаци минимум биле потребни 15 000 денари, а за режиски трошоци 10 914 денари.
„Евидентно е дека минималната синдикална кошница секој месец се зголемува и затоа ССМ постојано апелира минималната плата да изнесува најмалку 18 000 денари, а линеарно да се зголемуваат и сите останати плати. Поради сè поевидентното зголемување на цените, повеќе од неопходно е дека ни треба зголемување на платите со кои ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите, за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните“,
велат од ССМ.
Со барање за зголемување на минималецот на 60 отсто од просечната плата и прогласување на недела за неработен ден, ССМ в недела ќе протестираат пред Собранието и пред Стопанската комора. Доколку барањата не бидат исполнети, од Синдикатот најавуваат штрајк.