Иницијативата Чан Закерберг (ЦЗИ) синоќа објави податоци за плановите за поддршка во таа област, чија цел е набљудување, мерење и анализа на биолошкиот процес низ човечкото тело.
Организацијата, која има мисија до крајот на векот да ги излечи, спречи или контролира сите болести, изјави дека во следните 10 години својата научна работа ќе ја насочи кон развој на нови истражувања, институти и технологии што ја помагаат нејзината мисија.
Портпаролот на ЦЗИ Џеф Мекгрегор рече дека ќе бидат дадени 500 милиони долари за формирање институт на Универзитетот Харвард што се фокусира на вештачката интелигенција. Институтот, кој ќе ги добива овие средства во следните 15 години, ќе го носи името на Карен Кемпнер Закерберг, по мајката на Закерберг.
Портпаролот рече дека меѓу 600 и 900 милиони долари ќе бидат наменети за новиот институт за биомедицинско снимање, а една милијарда долари за мрежата Чен Закерберг биохаб, нова иницијатива што ги обединува научните институции да работат на „големите научни предизвици“.
Другата компанија на Закерберг, Фејсбук, неодамна ги смени името и логото, а новото име е Мета платформс инц.